Скопјани уапсени со 10 килограми хероин на „Богородица“

Двајца скопјани утрово се уапсени на граничниот премин Богородица при обид да прокриумчарат дрога.

Според првичните информации кај лицата кои се превезувале со автомобил „Мердецес“ биле пронајдени околу 10 килограми, а најверојатно дрогата ја набавиле во Турција за преку Грција да ја пренесат во земјава.

Во моментов со лицата се разговара, а полицијата повеќе детали најавува за подоцна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.