Скопјанка физички нападната на прославата во Градскиот парк

Непознато машко лице синоќа во 21,10 часот физички ја нападнал В.Џ.(26) од Скопје, која била на прославата во Градскиот парк потврдија во неделата од Министерстввто за внатрешни работи откако партијата Левица објави дека станува збор за напад врз нивна активистка која истакнала антивоен транспарент

Каковнатрешни ра што соопшти МВР, нападот се случил додека В.Џ. била со неколку нејзини пријатели, држејќи платно со порака пред бината. Случајот В.Џ. синоќа во 23:15 часот го пријавила во полиција. Се преземаат мерки за расчитување на случајот.

На вечерашната владина прослава во Скопје, по повод наводната покана за членство во НАТО, активистка на Левица беше физички нападната од две непознати машки лица, најверојатно членови на една владејачка партија, објавија вечерва од партијата.

Од Левица велат дека активистрката за со други нивни антимилитаристички активисти, држела транспарент на кој пишува: „НАТО = Војни, Крв, Солзи, Смрт“.

Но, симптоматично е тоа што најблискиот полицаец од присутните униформирани екипи, кои го обезбедуваа настанот во Градскиот парк, ОДБИ да состави записник за инцидентот, и покрај уредната пријава на девојката!? – додаваат од Левица

По ова, таа, заедно со адвокат, се упатени кон полициската станица „Беко“, каде го пријавиле случајот.

Ова се случи само ден по одлуката на Уставниот суд на РМ во која беше утврдена политичка дискриминација врз наши членови и попречување на слободата на јавно изразување, пишува во сооптшението на Левица.