Скопјанка исчезна пред Бадник

Во 18 часот и 15 минути синоќа, 51-годишниот Н.Р. од селото Идризово, скопско, пријавил дека претходниот ден, исчезнала неговата сопруга.

Полицијата информира дека според пријавата, жената од дома излегла утрото во 08 часот и 30 минути и не се вратила дома.

Се работи за 57-годишната Р.Д. по која се трага.