Скопјанка злоставувана и силувана од десет години помладиот партнер

Средовечна жена од Скопје била физички злоставувана и силувана од нејзиниот десет години помлад поранешен партнер странски државјанин откако одбила да ја продолжи врската, информираше во саботата Министерството за внатрешни работи.

Рано утрото во саботата околу 4 часот било пријавено дека жена од Скопје била малтретирана и силувана.

Имено во Единицата за известување и команда Скопје, било пријавено дека во стан на улица „Владимир Комаров“ во Скопје, 49-годишната Л.Ј била малтретирана и врз неа била извршена обљуба од страна на 39-годишниот С.Б од Босна и Херцеговина, со кого претходно биле во врска што таа не сакала да ја продолжи.

Осомничениот злосторник е приведен во полициска станица.