Скопје денеска меѓу 10-те најзагадени градови во светот

Скопје денеска се најде во топ 10 најзагадени градови во светот.
Овој податок е објавен на страницата air visual.

Во Карпош се измерени 71 ПМ честичка на 100 микограми, во Миладиновци 57 ПМ, во Центар под 50 ПМ, според Мој воздух. Скопје се најде на 10-то место, иако претходно оваа сезона бил и на 6-то место.

Број еден најзагаден град во светот денеска е Делхи во Индија.

Втор е Лахоре во Пакистан, а трет е Калкута во Индија.

На 4-то место е Дака во Бангладеш, петти е Улан Батор во Монголија.