Скопје го доби првиот ресторан со нов концепт на „Гудис“

Скопје го доби првиот ресторан со нов концепт на „Гудис“
Скопје го доби првиот ресторан со нов концепт на „Гудис“

Во ТЦ „Рамстор“ во Скопје, отворен е првиот ресторан со брза услуга „Гудис бургерхаус“, што функционира според новиот концепт на познатиот синџир „Гудис“.

-Во „Гудис бургерхаус“ се е фоккусирано на потребите на гостите кои добиваат брза услуга, а при тоа се е направено да се чувствуваат како во ресторан од висока класа, вели директорот на „Гудис бургерхаус“, Зоран Лојница.

На менито на „Гудис бургерхаус“ има повеќе видови бургери од 100 проценти чисто говедско месо, како и вариетети на сендвичи и скара од пилешко месо. Храната се подготвува од сировини со највисок квалитет и тоа веднаш по нарачката, со што купувачот добива секогаш свежо приготвен производ.

Во ресторанот има вработено 25 обучени лица, а готвачите имаат специјална обука за подготовка на ваков вид на храна.

Од менаџментот најавуваат дека набрзо, ваков ресторан ќе биде отворен и во Т.Ц. „Сити мол“, но и на други градски локации.