Скопје и вечерва се гуши во отровен воздух, најзагадено во Ѓорче Петров

Речиси на сите мерни места во Скопје е регистрирано многу високо ниво на ПМ10, според податоците на веб-страницата „Квалитет на воздухот“ на Министерството за животна средина и просторно планирање.

И вечерва скопјани дишат енормно загаден воздух. Вредноста на ПМ10 честичките во воздухот е во алармантна зона.
Речиси на сите мерни места во Скопје е регистрирано многу високо ниво на ПМ10, според податоците на веб-страницата „Квалитет на воздухот“ на Министерството за животна средина и просторно планирање.

 

Според апликацијата „Мој воздух“, концентрацијата на ПМ10 во 20 часот вечерва, во Центар е 243 микрограми на еден кубен метар, во Карпош 2 е 317 микрограми на еден кубен метар, во Карпош 4 е 220 микрограми на еден кубен метар, во Железара и Ректорат е 283 микрограми на еден кубен метар, Бутел 200 микрограми на еден кубен метар, Аеродром 265 микрограми на еден кубен метар, 11 Октомври е 245 микрограми на еден кубен метар, Драчево е 346 микрограми на еден кубен метар, а во Ѓорче Петров е дури 381 микрограми на еден кубен метар.

 

Доозволени вредности на загадувачките ПМ10 честици во воздухпот се до 50 микрограми на еден кубен метар.

Поради технички проблеми надвор од функција веќе подолг период се мерните единици во Гази Баба и Лисиче.