Скопје и вечерва се гуши во отровен воздух

Скопје вечерва е осми најзагаден град во светот, покажуваат резултатите интернет порталот „ер вижуал“, каде што се претставуваат збирните податоци од мерните станици во целиот свет.

Овие резултати се според мерења на квалитетот на воздухот нешто по 20 часот.

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерени до 19 часот според апликацијата „Мој воздух“ го покажуваат енормното загадување во Скопје. Во Центар е 230 mg/m3, Карпош 314 mg/m3, Ректорат 336 mg/m3, Бутел 203 mg/m3, Аеродром 294 mg/m3, Козле 229 mg/m3, Илинден 221 mg/m3…

Максимално дозволена концентрација на ПМ10  во воздухот е 50 микрограми на метар кубен.

Мерните станици за мерење на ПМ10 веќе подолго време не работат во Гази Баба, Лисиче и Ѓорче Петров.