Скопје ќе позајмува полицајци од другите градови

Поради недоволниот број на полициски службеници во градот Скопје, МВР одлучи да викне колеги од другите градови со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот во главниот град, потврди министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Скопје има проблем со многу мал број полициски службеници, меѓутоа направивме планови. Имаме колеги од други градови коишто ќе работат овде. Смислата е да имаме континуитет во сите овие активности  што ги преземаме, не само во смисла на контрола за присуство на алкохол или прекумерна брзина, туку генерално на почитување на сообраќајните правила и прописи целодневно и континуирано тоа да го правиме и во рамките на градот Скопје и во рамките на сите други сектори за внатрешни работи во Република Македонија, рече министерот Спасовски.

Целта на овие активности, според министерот, е да се придонесе за поголемо ниво на сообраќајна култура и намалување на сообраќајните прекршоци.