Скопје меѓу поевтините градови за живеење, Лондон најскап

Лондон е најскап град за живеење во светот, а од 193, Скопје се најде на 178 место на листата на „Ekspatistan”, која се занимава со споредување на трошоците на живот во светски градови.

Месечна кирија за стан во Лондон во просек е околу  4250 долари,а  за месечен билет за јавен превоз граѓаните трошат околу 215 долари.

Во листата на пет најскапи градови се најдоа Осло, Женева, Цирих и Њујорк. За споредба се земени цените на храната, лековите, превозот, месечната кирија…

Скопје пак се најде на дното на листата, меѓу Техеран, Гвадалахара, Дака, Мумбаи и Каиро.

lista

На дното на листата најскапи градови се рангирани Каракас во Венецуела, па Калкута, Хидерабад, Пуна и Мадрас во Индија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.