Скопје не излегува од конкуренцијата за најзагадени градови

Утрово и Тетово и Струмица се со високо загаден воздух, покажуваат податоците од мерните станици на Министерството за животна средина.

Според податоците на интернет порталот „ер вижуал“, каде што се претставуваат збирните податоци од мерните станици во целиот свет, Скопје и денеска не се трга од топ 10 најзагадени градови. Утрово го зазема „почесното“ шесто место.

Утрово и Тетово и Струмица се со високо загаден воздух, покажуваат податоците од мерните станици на Министерството за животна средина.

Граѓани вчера се собраа во паркот Жена борец спроти Собранието на протест против аерозагадувањето. Тоа беше втор протест организиран од граѓанската иницијативата „Канцерогено општество“.

Рекоа дека доколку не се свика итна седница на Владата и не се искористат сите расположливи средства за справување со проблемот со аерозагадувањето тие се подготвени да преземат и други радикални мерки.