Скопје повторно се гуши во загаден воздух

Воздухот во Скопје повторно е многу загаден. Мерните станици покажуваат дека во просек воздухот во главниот град е загаден со ПМ10 честички за три до четири пати повеќе, отколку што е дозволено.

Најзагаден воздух, утринава во седум часот, измерила мерната станица Ректорат, каде се регистрирани 204 микорграми ПМ10 честички. Во Лисиче, пак, мерната станица измерила утринава 199 микрограми ПМ10 честички, во Центар 159, а во Карпош 141.

Загадување има и во Тетово, каде има 143 микрограми ПМ10 честички. Во Куманово загадувањето е два пати над дозволеното, односно измерени се 99 микрограми ПМ10 честички.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.