Скопје повторно во друштво на најзагадените градови во светот

Скопје вечерва е 8-ми најзагаден град во светот, со што ги надмина сите други балкански метрополи.

На 23 место е Сараево, на 29 место е Приштина, Белград е 28-ми, Загреб е 45-ти, а Софија е на 85 место.

Вечерва најзагаден град во светот е Делхи во Индија. Тој е прв, а зад него е Лахоре од Пакистан, додека трет најзагаден град во светот е Улан Батор во Монголија.