Скопје рамо до рамо со Лондон, Париз, Барселона и Стразбур со загадувањето

Сериозните проблеми со загадувањето со кои се соочува Скопје во изминативе денови ги мачат и повеќето европските метрополи меѓу кои Лондон, Париз, Барселона и Стразбур.

Ситуацијата во Стразбур е до толку влошена и нивото на загадување е енормно високо што предизвика реакција и од членовите на Европскиот Парламент.

Британскиот европратеник Едвард МекМилан-Скот сериозно го критикуваше седиштетот на ЕП и бараше промена на локација токму поради лошиот квалитет на воздухот.

Поради високото ниво на загадување нивото во Стразбур за трипати е поголема стапката на кардиоваскуларни болести во однос на Брисел, вели МекМилан-Скот аргументирајќи зошто парламентот треба да биде стациониран само во Брисел.

Невеста позира на Вестминистер мостот во Лондон додека маглата се повлекува од градот
Невеста позира на Вестминистер мостот во Лондон додека маглата се повлекува од градот

 

Преубавите лондноски зданија со денови изминатава недела дена не беа видливи поради смогот и маглата кои го окупираат британскиот главен град.

Ниту ветровите од морето не и’ помогнаа на Барселона да се спаси од загадувањето.

Високиот атмосферски притисок и недостигот на ветрови го спречуваат отстранувањето на загадувачките емисии, кои се собираат над градот“, изјавил портпаролот на каталонската регионална Влада.

Регионалната Влада издаде предупредување и нареди намалување на ограничените бризини на возење, ги повика граѓаните да користат јавен транспорт и побара од фабриките да го намалат работењето.

Во градот кој што брои 1,6 милиони жители, нивото на токсичен нитроген оксид во воздугот порасна седум пати над дозволеното ниво во Европската Унија од 4-ти декември до 10-ти декември.

Предупредување за високо ниво на отровни материи во воздугот во Париз е на сила од 12-ти декември откако, како што

Ајфеловата кула во Париз опседната од смог и магла
Ајфеловата кула во Париз опседната од смог и магла

пишува Блумберг, студеното време ги зароби издувните гасови од дизел машините во градот. Париз деновиве има најсеризоно ниво на загаденост од 2007 година досега.

По три дена високо ниво на загаденост во централното градско подрачје денеска квалитетот на воздухот во Скопје е за нијанса подобрен.Загадувањето во Центар, според информациите од Министерството за животна средина и просторно планирање,  од многу високо денеска падна само на високо, додека во околината на Лисиче загаденоста на воздухот се уште е многу висока.