Скопје се гуши, надлежните молчат кој загадува?

Според  „Ер вижуал“, Скопје синоќе беше најзагадениот град  во светот, а надлежните и институциите во текот на денот се бранеа со молк. Освен коментарите на граѓаните по социјалните мрежи. никаква официјална  реакција не пристигна ниту од Министерството за животна средина, ниту пак од локалните власти.

Неколку истражувања спроведени од надлежните покажаа дека најголемите загадувачи се домаќинствата и автомобилите, а институциите никако да потенцираат  дека големи загадувачи се и стотината мали и средни фирми во градот и околу градот, чија работа никој не ја контролира, ниту пак знаеме какви горива користат или дали ги поседуваат потребните еколошки дозволи.

Во кометарите по социјалните мрежи најчесто главен виновник се „Железара“, што премногу ретко работи, па логично и да не може да загадува и Цементарница Усје, која од 5 јануари не работи и нема да работи до крајот на месецот.

Од Усје неколку пати укажаа дека тие не можат да ги стават во погон печките, ако не се активирни филтрите. Ако тие се исклучени производството автоматски се стопирапритоа  оваа компанија е меѓу ретките која поседува еколошки интегрирана А дозвола.

Власта веќе три години најавува годишен план за справување со загадувањето, беше ветена гасификација, што според експерите е многу сложен процес наскоро да се спроведе, како алтернатива освен субвенции за печки на пелети и чистење на оџаци, реалноста покажува дека надлежните не знаат да се справат со загадувањето, но можат барем со конкретни извештаи по спроведени инспекциски надзори да ги посочат главните загадувачи.