Скопје се искачи на листата погоре, сега е во топ 8 најзагадени градови

Скопје и денеска е во топ 10 најзагадени градови во светот. На листата на air visual, главниот град на Македонија е на 8 место.

Од Балканот, Сараево е на 22 место, Загреб е 37, Софија е 46, Белград е на 83 место.
Најзагаден град во светот денеска е Лахоре во Пакистан, а втор е Делхи во Индија. На третата позиција е Сан Франциско во САД.
Скопје деновиве беше на 14 место на оваа листа, а претходно беше позициониран на 8 та, но и на 6-та позиција.