Скопје синоќа повторно меѓу најзагадените градови во светот

Скопје не се тргнува од топ 10 најзагадени градови во светот. Синоќа нашата метропола беше дури на четврто место, а концентрациите на ПМ 10 честички достигнаа приближно 400 микрограми.

Во Центар во текот на ноќта од 22 часот концентрациите биле над 300 достигнувајќи до 398 во 22 часот и 356 во 23 часот.

Високи концентрации со над 300 микгрограми во текот на ноќта се забележани и на мерната станица кај Ректорат од над 200 микрограми во 16 часот, додека во 23 часот достигнале 375 микрограми на метар кубен, а последното мерење покажува 81 микрограм.

На мерната станица Бутел највисоката концентрација се 233 микрограми, а утрово се 71 микрограми на метар кубен.

Во Карпош се регистрирани концентрации од 136 до 187 микрограми на метар кубен.

За да се активираат мерките во Скопје треба да се регистрираат во два последователни денови среднодневни концентрации над 188 микрограми на две мерни места.