Скопје следната година ќе добие јавни тоалети

Град Скопје планира да постави нови јавни тоалети во центарот на градот, кои ќе бидат ем убави на изглед, ем функционални.

„Град Скопје бара нов тип на тоалети кои имаат подобар изглед и кои ќе можат да бидат ставени во центарот на градот, бидејќи сегашните тоалети, „Тоифор“ немаат добар изглед за фрекфентните места, како плоштадите“, изјави градскиот татко Коце Трајановски.

Постапката за избор на новите тоалети ќе трае до Нова година, а Трајановски се надева дека Градот ќе добие нови тоалети на почетокот на следната година.

„Тоалетите најверојатно ќе бидат поставени на плоштадите „Македонија“ и „Филип Втори“, кејот на Вардар и на други места во централното подрачје, односно онаму каде има поголема фрекфенција на народ“, додаде Трајановски.