Скопје во моментов меѓу првите три најзагадени градови во светот

62

Скопје денеска е во самиот врв на листата на градови со мошне висока загаденост на воздухот. Интернет страната „airvisual“, кадешто се собираат податоците од сите мерни станици во светот покажува дека нашиот главен град од изутринава е на трето место според присуство на опасни честички во воздухот. Како што е претставено на табелата, позагадени од нас моментално се само Мумбаи во Индија и Дака во Бангладеш.

Изутринава најзагадено, според податоците на „аirvisual“ било во Карпош, во подрачјето кај Ректоратот и во Центар, додека воздухот немал висока загаденост, во населбите Гази Баба и Лисиче.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.