Скопската полиција уапси тројца изнудувачи

Скопската полиција упасила двајца жители на главниот град под сомнение дека вршење на изнуда на свој сограѓанин. Јавното обвинителство, во брза постапка, поденело кривична пријава против Мартин Б. И Виктор Ѓ., според која тие се сомничат за извршено кривично дело изнуда.

Според информациите на скопската полиција, на 14 јануари, годинава, на булеварот „11 Октмоври“ Мартин Б. и придружуван од две други лица, физички го нападнале Зоран С. во неговиот дом. Потоа насилниците му го зеле неговоит автомобил марка „Форд Ескорт“.

Истиот ден нападнатиот Зоран С. го пријавил случајот во полициска станица, а по наредба од судија за претходна постапка, скопските полицајци извршиле претрес кај лицето Мартин Б. и го привеле. Потоа биле идентификувани и приведени двете лица што биле со него додека ја вршеле изнудата од Зоран С. Според информации на полицијата станува збор за Виктор Ѓ. и Далибор Ј.

Вчера во присуство на Јавен обвинител извршено било препознавање со соочување, при што наведените лица биле препознаени од страна на оштетениот. Скопските полицајци го пронашле и му го вратиле автомобилот на Зоран С.