Скопската полиција упадна во селото Грчец

Скопските полицајци направиле акција во селото Грчец, вчера, и поднеле кривична пријава против две лица, роднини, кои се сомничат за недозволено поседување и тргување со огнено оружје.

Зекирија Љ. (34) бил веднаш уапсен, и судија на претходно постапка му изрекол мерка притвор во траење од 30 дена, додека вториот осомничен Абдулрахим Љ. (40), не бил пронајден. Но, и него по забрзана постапка му била поднесена кривична пријава за за недозволено поседување и тргување со огнено оружје.

Акцијата на СВР Скопје уследила по настан на 7 декември, лани, кога во селото било откриено и запленето оружје.

Според полициски информации, двајцата жители на скопското село Грчец биле познати како сторители на кривични дела од областа на насилниот криминал и недозволената трговија со дрога и оружје.