Скопската полиција фати 57 пијани возачи

Во рамки на зајакнатата контрола на скопската полиција за почитување на сообраќајните правила регистрирани се 248 возачи кои го прекршиле  Законот за безбедност на сообраќајот.

Според информации од полицијата, 57 возачи ги управувале возила под дејство на алкохол, на 42 лица возачката дозвола им била со  измината важност, а без возачка дозвола управувале 31 возач. Кај 14 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло.

Исто така 15 возачи  управувале возила со над дозволената брзина од кои 6 возачи  управувале возило со над 90 км на час во населено место, изречени се 20 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 20 прекршоци за зборување на мобилен телефон.

Потоа за непрописно престројување пред крстосница изречени се три  прекршоци, за недавање првенство на минување на пешаци изречени се два прекршоци, 31 прекршок за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 127  прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, и со пајак возило подигнати се 137 возила.