Скопски Аеродром е општината со најголем број активни случаи на Covid-19, Струмица во внатрешноста

Скопската општина Аеродром послените денови се јави како ново жариште на коронавирусот во главниот град, сп над 520 активни случаи, но е водечка и вкупно во земјата, додека поединечно за градовите во внатрешноста, Струмица се јавува како општина со најголем број активни случаи во моментов.

Во дневниот извештај на Министерството за здравство од неделата се наведува дека во земјата во моментов има 5.555 активни случаи на Covid-19, од кои речиси половината или 2.655 случаи се во Скопје.

Општина Аеродром има 531 потврден позитивен случај на зараза. Тоа е само петтина од вкупниот број активни случаи во најголемиот град, кој разбирливо стана најголемото жариште на вирусот во земјава. Но истовремено оваа скопска општина е севкупно на врвот од листата општини во кои има активни случаи.

Општините Карпош и Центар се близу до Аеродром според бројките, односно има повеќе од 400 активни случаи, а стивнува донеодамнешното жариште Чаир.

Последната состојба во Скопје по општини е: Чаир – 118, Гази Баба – 282, Аеродром – 531, Карпош – 437, Центар – 448, Кисела Вода – 312, Ѓорче Петров – 208, Бутел – 107, Шуто Оризари – 15, Студеничани – 4, Сарај – 16, Арачиново – 7, Илинден – 36, Сопиште – 20, Чучер Сандево – 8, Петровец –16, Зелениково – 8, Странец – 12 и Нераспределен- 70.

Од другите македонски градови, Струмица со 360 заразени има најголема бројка на активни позитивни, според податоците на Министерството за здравство. Тетово, Куманово, Прилеп и Кочани се со по над двесте активни. Гевгелија, Битола, Штип и Делчево се со по над сто. Во останатите градови бројките на активни се веќе двоцифрени и едноцифрени.

Табела на вкупно досега регистрирани случаи на коронаинфекции и моментално активни случаи по градови:

 

• Скопје 9854, активни 2655

• Куманово 1973, активни 218

• Дебар 309, активни 50

• Штип 1443, активни 160

• Прилеп 925, активни 227

• Тетово 1722, активни 291

• Струга 749, активни 79

• Велес 429, активни 96

• Битола 467, активни 155

• Охрид 510, активни 89

• Кавадарци 321, активни 89

• Гостивар 1028, активни 97

• Гевгелија 267, активни 143 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 38 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 580, активни 360

• Крива Паланка 176, активни 60

• Радовиш 170, активни 72

• Крушево 20, активни 0

• Кочани 567, активни 205

• Пробиштип 139, активни 24

• Демир Хисар 65, активни 4

• Македонски Брод 98, активни 4

• Пехчево 53, активни 9

• Берово 164, активни 41

• Валандово 82, активни 50

• Виница 150, активни 49

• Делчево 210, активни 114 (40 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 31, активни 7

• Свети Николе 423, активни 59

• Кичево 416, активни 78

• Ресен 201, активни 38

• Неготино 86, активни 32 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).