Корисниците од неколку скопски населби денес ќе бидат без вода.
Поради дефект на потисна цевка од Ф – 200мм на ул. „Спиро Гулапчев“ 11 во населбата 11-ти Октомври, (пумпната станица Припор), прекинато водоснабдување од 04:00 часот ќе имаат корисниците од висока зона населба Аеродром и Ново Лисиче, (општина Аеродром) Припор-1, 2 и 3, (општина К.Вода), Сопиште, Ракотинци и Добридол (општина Сопиште).
Со намален притисок ќе бидат корисниците од населбата Кисела Вода и 11-ти Октомври (општина Кисела Вода).