Скопскиот Аква парк со рекорден број посетители

Рекорден број на посетители беа забележани изминатиот викенд во скопскиот Аква- парк во рамки на СЦ „Борис Трајковски“.

Топлотниот бран донесе многу забава и многумина сакаа да бидат дел од паркот кој мами од возбуда, авантури, игра и разладување. Капацитетот на капачи веќе до пладне беше исполнет. Се бараше карта плус, но поради безбедносни причини граѓаните беа советувани и вратени.

сите оние кои ќе дојдат во Аква Паркот ќе можат да користат некој од десетте тобогани односно „бумеранг“, „спејс бал“, тобоганот со ноќни ефекти, базен со бранови, мрзлива река.
Сите оние кои ќе дојдат во Аква Паркот ќе можат да користат некој од десетте тобогани односно „бумеранг“, „спејс бал“, тобоганот со ноќни ефекти, базен со бранови, мрзлива река.

Одговорните лица во Аква Паркот се извинуваат на сите оние кои морале да бидат вратени, но тоа пред се’ тоа биле мерки за нивна безбедност и сигурност, како и за посетителите кои веќе влегле во паркот.

Разладувањето продолжува. Во идилата на забавата и позитивната атмосфера во скопскиот Аква парк може да се најде спасот од жешките горештини. Овој период граѓаните може да се освежат и искористат топлите денови кои следат на еден поинаков начин.

Во рамки на аква-паркот работат и три кафулиња и еден ресторан
Во рамки на аква-паркот работат и три кафулиња и еден ресторан

Едно поразлично лето, исполнето до многу адреналин и џагор, затоа што сите оние кои ќе дојдат во Аква Паркот ќе можат да користат некој од десетте тобогани односно „бумеранг“, „спејс бал“, тобоганот со ноќни ефекти, базен со бранови, мрзлива река. Аква-паркот ќе работи секој ден од 10 до 20 часот. За безбедноста на посетителите и годинава се грижат 36 спасувачи од Црвен крст.

Во рамки на аква-паркот работат и три кафулиња и еден ресторан.

На оние летни горештини, сите правци водат кон центарот на забавата во градот, а тоа е веќе познатиот Аква- парк во рамки на СЦ „Борис Трајковски“.