Скопскиот бискуп ги повика посетителите да бидат пристојни за време на литургијата на Папата Франциск

Скопскиот бискуп Киро Стојанов гостувајќи во студиото на „Сител“ објави дека на централната миса на Папата Франциск на 7 мај на градскиот плоштад во Скопје ќе се влегува исклучиво со влезници кои ќе имаат реден број. Овие „визи“ ќе бидат бесплатни, а нивната намена е само да се создаде ред.

За влезниците се уште се води разговор со државниот и црковниот одбор и мислам дека во најскоро време тоа ќе биде обзнането. Битно е тие што ќе се најдат таму да бидат пристојни, побожни, затоа што тоа е начин на молитва и тоа ќе биде најубавата света литургија што воопшто сме ја имале во Македонија – рече Стојанов.

Бискупот наведе дека сите посетители од земјата и од странство се добредојдени. За прв пат во историјата земјата ја посетува еден претседателот на Ватикан и лидерот на Католичката црква. Папата Франциск во Скопје ќе се задржи 10 часа пред да замине во Софија.