Зголемувањето на цената на хаџот за годинава за аџиите од Македонија предизвика голема забуна во јавноста, особено кај оние кои решија оваа година да го исполнат петтиот столб на исламот. Имено, во целиот регион цената беше поевтина отколку во Македонија, пренесува порталот на албански јазик TetovaSot.
Скопскиот mуфтија др. eфенди Ќенан Исмаили ја обвини комисијата за хаџ за недоволна транспарентност, во врска со ова порталот ТS се обидел да стапи во контакт Исмаили, но и по повеќекратно инсистирање на одговор, Исмаили не одговороил на повиците на редакцијата.
Поради тоа, порталот упати јавно прашање до др. еф. Ќенан Исмаили дали е подготвен да ѝ се приклучи на групата членови на Ријасетот кои поднесоа пријава против Шаќир Фетаи во Основното јавно обвинителство во Скопје за злоупотреба на хаџот и нетранспарентност.
Поточно, доколку таксите во Саудиска Арабија изнесуваат 1.700 евра, TetovaSot го поставува прашањето з ашто се другите 4.850 евра, кога се знае дека единствена разлика меѓу хаџот е умрата се таксите на саудиските власти, а умрата се
организира во текот на цела година и аранжманот се движи меѓу 1.450 и 1.800 евра.
За сиве овие, и покрај упорноста, портпалот TS не добил одогвор ниту од службите во Исланската верска заедница, ниту, пак, од Реисот Шаќир Фетаи, нути од Скопскиот муфтија, кој од една страна обвинува за нетранспарентност а од друга страна е поврзан со евентуалната злоупотреба.
Имено, како што се потсетува во прилогот на порталот, единствен организатор на хаџот е Исламската верска заедница и аранжманот на годишното поаѓање на аџилакот изнесувва 6.550 евра, а од земјава годинава патуваат 2.030 муслимански верници,