Скопскиот „Виз Ер Маратон“ ќе се трча првиот викенд во октомври

Седумнаесеттиот „Виз Ер Скопски Маратон“ ќе се одржи на 2 и 3 октомври во Скопје.

Маратонот годинава се одржува два дена, со тоа што трката на 5км е закажана на 2-ри октомври од 17 часот, додека, на 3-ти октомври, ќе се трчаат маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – „ЕУ за спорт“, со почеток во 8 часот.

Традиционално, „Виз Ер Скопски Маратон“ ќе биде домаќин на најдобрите македонски маратонци, кои ќе трчаат на Државното превенство во маратон, кое Атлетската Федерација на Македонија го организира во склоп на овогодинешниот маратон.

Од организаторите информираат дека при подигнувањето на стартните пакети, учесниците над 18 години задолжително ќе мора да покажат сертификат – потврда за извршена имунизација или примена барем една доза вакцина, потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена или потврда за негативен ПЦР Ковид тест направен во последните 72 часа пред одржување на трката.

Виз Ер Скопски Маратон е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје, а е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.