„Скопско лето“: Вечерва младински музички маратон

19

„Младински музички маратон 2020“ е насловен концертот кој вечер од 20.30 часот ќе се одржи на плоштадот „Мајка Тереза“ во рамки на фестивалот „Скопско лето“.

Ќе настапат млади музичари – пијанистите Гоце Златев, Дилек Реџеп и Инес Неделковска, и сопранистката Илина Митревска. На програмата се дела од Лист, Рахманинов, Росини, Пучини, Моцарт, Перголези, Вебер, Шуберт, Равел, Властимир Николовски…

Како и другите настани на „Скопско лето“, концертот ќе се одржи според протоколите, бројот на публиката ќе биде ограничен и со задолжително почитување на мерките за заштита – носење заштитни маски, мерење телесна температура, физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето, дезинфекција и влез на публиката порано, односно од 20 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.