Скоро 90 новозаразени и тројца починати од коронавирусот

124

Вообичаено за периодите на викендот, поради помалиот број тестирања, вкупно 973 во изминатото деноноќие регистрирани се 88 нови случаи на зараза со коронавирусот, а во истиот период имало уште три смртни исходи, објави во понеделникот Министерството за здравство.

Вкупната бројка ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 8,.197, бројката на оздравени пациенти е 4,326, на починати е 385, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.486.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-8, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-3, Струга-11, Велес-1, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-8.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од: Скопје-70, Штип-6, Прилеп-4, Тетово-31, Велес-3, Кочани-2, Пробиштип-1, Кичево -1, Ресен-4, Неготино-1.

Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Штип. Во ГОБ „8 септември“ починати се пациенти на возраст од 43 и 72 години. Во КБ Штип е почината пациентка на 76 годишна возраст.

 

Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
-Скопје 3878, активни 1788
– Куманово 862, активни 194
– Дебар 151, активни 89
– Штип 457, активни 178
– Прилеп 301, активни 64
– Тетово 871, активни 292
– Струга 330, активни 171
– Велес 203, активни 33
– Битола 71, активни 28
– Охрид 227, активни 135
– Кавадарци 26, активни 18
– Гостивар 230, активни 144
– Гевгелија 12, активни 2 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
– Струмица 24, активни 16
– Крива Паланка 19, активни 9
– Радовиш 8, активни 4
– Крушево 12, активни 7
– Кочани 77, активни 13
– Пробиштип 37, активни 24
– Демир Хисар 8, активни 7
– Македонски Брод 8, активни 4
– Пехчево 6, активни 1
– Берово 4, активни 1
– Валандово 6, активни 0
– Виница 4, активни 1
– Делчево 1, активни 0
– Кратово 7, активни 4
– Свети Николе 118, активни 111
– Кичево 81, активни 69
– Ресен 137, активни 77
– Неготино 21, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 973 теста се преку: ИЈЗ-584, ЦЈЗ Скопје-22, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -97, Жан Митрев (Филип Втори) –110, Систина со PCR метода -140, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-20. Досега во земјата се направени вкупно 78.133 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 52 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 88 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
– Чаир – 302
– Аеродром – 162
– Бутел – 135
– Гази Баба – 199
– Центар – 138
– Карпош – 145
– Сарај – 118
– Кисела Вода – 107
– Ѓорче Петров – 113
– Студеничани – 116
– Шуто Оризари – 83
– Арачиново – 42
– Илинден – 23
– Петровец – 20
– Чучер Сандево – 11
– Сопиште – 12
– Зелениково- 15
– Странец – 6
– Нераспределен- 41

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.