Скратениот полициски час го прекршиле 33 лица – 25 се приведени

Pолицискиот час кој вчера започна во 19 часот и заврши утрово во 5 часот, го прекршиле 33 лица. Од нив 25 биле приведени, на другите земени му се податоци.

Од оние кои се наоѓаат во изолација, пак, полицијата не евидентирала некој да ја прекрши истата.

Во текот на изминатото деноноќие, соопшти МВР, на 112 лица им се издадени решенија за изолација, а 82 потпишале изјава за самоизолација.