Скринингот започнува утре со тестирање на вработените во градинките

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека од утре ќе започне скринигот и тоа со вработените во градинките како резултат на намалениот број на тестирањата поради значително намалениот број лица со симптоми или вистинска индиција за тестирање за ковид и поради тоа што мал процент од системот на „мој термин“ е испонет, како резултат на што има слободен капацитет на лабораториите

-Од утре почнува скринингот на одредени критични категории. Ќе почнеме со вработени од градинка кои се на број близу 2000 со цел изготвување на протоколот  за работа на градинките за нивно ставање во функција, рече Филипче.

Скринингот се планира да се прави со истите ПСР тестови како и досега, а целта е со ПСР техниката да се  идентификуваат асимптоматските носители значи луѓе кои се заразени, а не се свесни заради тоа што немаат симптоми.

-Сметаме дека е ова најдобриот пристап заради тоа што и на тие несвени носители на вирусот ќе бидеме во можност контактите да ги ставиме во излолација. Затоа и го крстивме таргетиран скрининг. Сметаме дека во оваа фаза анализа на антителата нема да даде резулати коишто може да ни влијаат да носиме ненакви одлуки  и политики за некакви мерки. Тоа би дошло предвид подоцна во текот на летото кога веќе ќе имаме повеќе месеци изминати од епидемијата и кога е можно да се очекува поголем број граѓани да ги имаат антителата односно да се носители на имунитетот, појасни министерот за здравство.

Тој додаде дека ги следат анализите од повеќе земји и оти нема голем процент на граѓани кои што стекнале веќе имунитет. Дополнително на тоа, вели, самиот тип на антитела кои што остануваат по инфекцијата не е сигурно дали се вистински имунитет или не, заради тоа што има случаи во светот веќе објавени на повторно заболување откако пациентот еднаш веќе прележал ковид.

Според планот со скрингот треба да бидат опфатени вработените во градинките, во болниците, домовите за стари лица, пациентите со хронични болести, пациентите на биолошка терапија, вработените во ЈСП и други од десетината ризични групи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.