Скромно закрепнување на британската економија во јули

Британската економија скромно закрепнала во јули, поткрепена од растот во услужниот сектор кој ги надоместил последиците од растот на цените и топлотниот бран, покажаа објавените во понеделникот официјални статистички показатели.

Бруто домашниот производ (БДП) во јули пораснал за 0,2 отсто во однос на јуни, кога паднал за 0,6 отсто, објави британската статистичка агенција ONS. Во трите месеци заклучно со крајот на јули, БДП-то стагнирал во споредба со претходните три месеца.

Најголемиот придвижувач на растот во јули бил секторот на услуги, со раст на активностите од 0,4 отсто на месечно нив. Закрепнувањето на услужните активности следеше по падот за 0,5 отсто во јуни во однос на претходниот месец, покажува службената статистика.

Најголем скок забележал секторот компјутерско програмирање, советувања и слични активности, и тоа за 1,5 отсто во однос на јуни. Уште посилен бил растот во секторот телекомуникации, со стапка од 1,9 отсто,

Најголем тег за ВДП-то било во јули биле рекордни високите температури, поради што биле загубени многу работни денови, особено во градежниот сектор, бидејќи на градилиштата бил претопло за да се одвиваат работите. Активностите во градежниот сектор, така, паднале за 0,8 отсто.

Пад забележал и индустрискиот сектор, и тоа за 0,3 отсто, поради намалувањето на снабдувањето со струја, гас, пареа и уреди за разладување за 3,4 отсто. Во јуни активноста во овој сектор била намалена за 0,9 отсто.