17 C
Skopje
петок, февруари 26, 2021

Скубе останува во РК Вардар, а најави уште една добра вест

554

Во Вардар многумина оваа сезона не веруваа, а ЕХФ пред сезоната не ги сместуваше ниту во топ 10 фаворити за пласман во Келн. Пред крајот на сезоната дојде и објавата на Самсоненко дека повеќе не може да инвестира сам во клубот и побара помош, пишува во вторникот порталот sportski.mk

Но и покрај тоа што беа отпишанува цела сезона и пред речиси секој натпревар некој посилен противник ракометарите на Вардар стигнаа до европската титула, втора во последните три години.

Урош Зорман, помошник тренер на селекцијата на Словенија и во полски Кјелце

Словенечкиот весник Delo, повикувајќи се на упатени извори, пишува дека Сергеј Самсоненко, „99 отсто“ договорил соработка со словенечкиот ракометен стручњак Урош Зорман кој пред три години со Кјелце ја освои европската титула, а претходно како играч уште трипати се искачуваше на европскиот трон со Целје во 2004 и со Сиудад Реал во 2008 и 2009 година. Во моментов е помошник на поранешниот вардаров тренер Веселин Вујовиќ кој е актуелен селектор на словенечката ракометна селекција. Тој би дошол во Скопје на местото од Роберто Гарсија Парондо.

Самиот Зорман не сакал да ги коментира овие информации, бидејќи со Кјелце има договор до 2022 година, но не негирал дека може да се пресели во редовите на европскиот шампион. За тоа ќе мора да разговара со претседателот на полскиот клуб Бертус Серваас која пак непосредно пред турнирот во Келн објави дека ќе го ослободи Лука Циндриќ од обврските кон клубот зашто е очигледно дека тој не сака да остане во таа средина.

Словенечкиот медиум пишува и дека и покрај фрустрациите кои се припишуваа на најавеното повлекување на Самсоненко, Вардар не потклекнал. Неговите извори наведуваат дека играчите кои беа едни од клучните во Келн, како Сташ Скубе и Даинис Криштопанс и имаат договор со клубот, треба да останат и следната сезона, како и дека Сергеј Самсоненко се премислил и сака да остане во Македонија, откако од сегашните власти во земјата добил уверувања за неговите и новите вложувања во клубот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.