Скулптура на Џеф Кунс го постави рекордот за жив уметник

Скулптура Џеф Кунс е продадена во средата на наддавање во Њујорк за 91,075 милион долари, со што е надминат рекордот за цена којашто ја постигнало дело на сѐ уште жив уметник.

Вредноста на скулптурата „Зајак“ на американскиот скулптор, која потекнува од 1986 година а претставува приказ на надуван зајак изаботен во челик висок 104 сантиметри, била проценета пред наддавањето во аукциската куќа Christie’s на 50 до 70 милиони долари.

Според весникот The New York Times и агенцијата Bloomberg, делото го купил трговецот со уметнички дела Роберт Боб Мнучин, татко на актуелниот американски министер за финансии Стивен Мнучин.

Со постигнатата цена соборен е рекордот кој го држеше од ланскиот ноември британскиот сликар Дејвид Хокни. Неговото платно „Портрет на уметникот (Базен со две фигури)“ беше продадено за 90,3 милиони долари.

Во 2013 година Џеф Кунс веќе постави рекорд кога неговото дело „Кучето од балоните“ на наддавање беше продадено на аукција за 58,4 милиони долари

Аукција на Christie’s продолжува и во четвртокот и на неа ќе бидат понудени дела од повоената и од современата уметност.