Шкупи е елиминиран од Пјуник

Нашите претставници доживеаја вистински дебакл во европските купови. Академија Пандев, Шкупи и Македонија Пандев ги завршија настапите уште на стартот. „Пандевци“ се поразени повторно со 3-0 од Зрински, Македонија беше поразено со 0-3 од Алашкерт, додека вечерва Шкуши беше поразен од ерменски Пјуник со 1-2.

Тимот од Чаир загуби со 1-2 во Скопје, иако имаше позитивен резултат (3-3) по првиот меч во Ереван. Но, тренерот Умит Каран смета дека пласманот го испуштиле во финишот од првиот дуел, со оглед дека Шкупи водеше со 1-3 и дозволи да прими два гола.

„Кога си елиминиран, секако има разочараност, но нема да обвинувам никого. Пласманот во следната рунда го испуштивме во Ереван, кога дозволивме да примиме два гола при водство од 1-3. На денешниот дуел, примивме гол од далечина, потоа Пјуник поведе и со 0-2, а ние не се преададовме. Намаливме на 1-2, имавме шанса и да израмниме и да одиме понатаму. Шкупи оваа година ќе биде подмладен, но повторно ќе бидеме добар тим“, изјави Умит Каран, тренерот на Шкупи.

Со ова, единствен наш претставник останува Шкенија која утешно е префрлена во Лигата на Европа откако беше елиминирана во квалификациите на ЛШ и сега ќе игра со Дуденланш од Луксембург.