„Шкупи“ одигра без голови против „Глазгов Ренџерс“

Фудбалерите на „Шкупи“ со реми се простија од Европа откако одигра 0:0 со славниот „Глазгов Ренџерс“ во реванш натпреварот од квалификациите за Лига Европа. Чаирчани не успеаја да ја надополнат негативата од 2:0 од Шкотска, па „Ренџерс“ продолжува понатаму против подобриот од двомечот меѓу хрватски „Осијек“ и „Петролул“ од Романија.

Домаќините, за кои ова беше прв настап во Европа по 14 години, не разочараа и одиграа еден борбен меч. даода се од себе, но не беше доволно да се помине подобриот противник.
„Шкупи“ имапе теренска надмоќ во првите дваесетина минуит, но потоа Шкотите вопсоставија рамнотежа и успешно се одбранија до крајот на натпреварот. И двата тима создадоа шанси, но најсериозната ја имаше Муарем Муарем во самиот финиш на средбата, кога од левата страна излезе сам пред Мекгрегор, но шкотскиот голман одлично го скроти ударот.