Комисијата за односи со верските заедници реагира за сквернавењето на споменикот на Мајка Тереза

Од Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи реагираат по повод синоќешното сквернавење на споменикот на Мајка Тереза.

Интегрален текст од соопштението на Комисијата:

Во годината во која ја прогласуваме за светица нашата сограѓанка Мајка Тереза, во година во која прогласувањето на нејзината светост е и наша македонска светотост, оваа година во која и државниот секретар на Ватикан Пјетро Паролин се поклони во нејзиот дом, во оваа јубилејна година бездушните се обидоа да ја сквернават и нејзината плоча, при тоа навредувајќи ги чувствата не само на католиците, туку и на сите почитувачи на ликот и делото на Мајка Тереза.

Во безумието нивно злите раце удрија и врз Светицата!

Жената Мајка Тереза која се роди во земјата на Големата Мајка за да биде Мајка на целиот свет, жената која се што беше скршено го спојуваше и обединуваше со љубов, надеж и исцелување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.