Слаб земјотрес регистриран во Сирија и Јордан

Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во Сирија и Јордан, а бил почувствуван и во Либан.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на сирискиот град Хама на длабочина од 10 километри.

Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.