Сладолед од четири состојки

Леден десерт со овошје и чоколада. Ова звучи како добра комбинација за освежување во летните денови. Еве еден рецепт за сладолед од четири состојки, што се подготвува релативно брзо.

Состојки:

  •  3 смрзнати банани
  • 200 грама малини
  • 3 лажички мед
  • 2 лажички какао во прав

Овој сладолед од четири состојки, има три слоја. Подгответе го белиот слој од две банани. Извадете ги бананите од замрзнувач и оставете ги да се опуштат 10-тина минути на собна температура. Ставете ги во блендер и блендирајте ги додека не добиете изедначена смеса со кремаста структура.

Распоредете ја смесата во калапи до третината од калапот и ставете ги во замрзнувач додека го подготвувате чоколадниот слој.

изблендирајте една банана, две лажички какао во прав и една лажичка мед
Изблендирајте една банана, две лажички какао во прав и една лажичка мед

За чоколаден слој, во блендерот изблендирајте една банана, две лажички какао во прав и една лажичка мед.

Оваа смеса истурете ја врз смесата од банани, и вратете ги калапите во замрзнувачот додека го подготвувате слојот од малини.

За овошниот слој од малини, изблендирајте 200 грама малини и лажичка мед во блендер, а доколку смесата ви се чини густа додадете 3 – 4 лажици вода. И овој слој ставете го во калапите, врз претходните слоеви.

Калапите ставете ги во замрзнувач најмалку 4 часа, а потоа можете да го извадите готовиот сладолед и да го послужите.