Слаломот во Кицбил му припадна на Дејв Ридинг

Британецот Дејв Ридинг е сензационалниот победник на трката во слолом, која се возеше во Кицбил.

Ридинг, најдобро се снајде во тешките временски услови и успеа да и ја донесе на Велика Британија, историската прва победа во Светскиот куп.

Британецо убедливо победи со 38, односно 65 секунди подобро време од Норвежаните, Лукас Братен и Хенрик Кристоферсон.

Оваа победа на Ридинг направи метеж во поредокот за слалом. Петмина победија во досегашните пет трки, лидер е Братен со 225 поени, пред Фос-Солберг (180) и Даниел Јуле (162).