Славјанка наместо во самоизолација држи пресови и го загрозува животот на граѓаните?

Дали Славјанка Петровска денес ги загрози животите на десетици лица, наши сограѓани? Наместо во изолација како лице во потенцијален ризик за ширење на коронавирус таа држеше прес конференција. Петровска за потребите на Заев држеше прес конференција, иако со Решение на ИЈЗ, како што објавија медиумите истата е упатена во домашна самоизолација, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

– Дно на лицемерие е Славјанка да обвинува дека некој друг не се грижел за здравјето на граѓаните, а таа треба да седи дома затоа што е во самоизолација. Дали Петровска директно ги загрози животите на нашите сограѓани, во време кога коронавирусот се шири со аритметичка прогресија? Доколку Славјанка Петровска има решение за самоизолација, таа го прекршила чл.2 ст.2 од Уредбата на владата за примена на законот за заштита на населението од заразни болести и сторила кривично дело казниво со закон, соопшти партијата.