Славјанка Петровска ги довела во прашање животите на полицајците во акцијата во Крушопек?

8485

Обвинувањата на советникот на Зоран Заев, Бојан Маричиќ, дека министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, наводно со прераното дејство со антикокаинската рација загрозил меѓународна полициска акција беше причина да истражиме што вушност се случувало за време на полициската рација завчера попладне во скопски Крушопек. Она што беше забележливо е што додека траела полициската акција на социјалните мрежи веќе се појавија информации дека е во тек полициска рација во Сарај и дека целта е наоѓање на кокаин. Веднаш потоа се појавија информации во провладини медиуми за фатен 1.3 тон кокаин, за да подоцна набилданите очекувања спласнат со помало количество. Многу реално за очекување е дека акцијата била пробиена и некој намерно создавал погрешна перцпеција во јавноста.

Нашите информации од МВР говорат дека извор на постојаните брифинзи, прво по социјалните медиуми, а потоа и по провладините медиуми била токму Славјанка Петровска, дополнителната заменичка министерка во МВР, од редовите на СДСМ. Нема официјална информација и останува енигма каде била таа за време на акцијата, но она што неофицијално го дознаваме е дека за време на акцијата била во кругот на МВР со полициски началник близок на СДСМ.

Прво информациите биле брифирани по социјалните медиуми, а веднаш потоа биле преземени од провладините медиуми. Информациите биле полуточни, но она што било алармантно е тоа што чувтсвителни информации излегувале за време на акцијата, а со тоа биле доведени во прашање животите на полицајците вклучени во акцијата. Со брза и ефикасна акција тоа не се дозволиво, но ризокот бил голем бидејќи движењата на полицајците цело време биле разоткривани со вадењето на информациите. Практично и обвинувањата од страна на Маричиќ се користи како бафер за да се сокрие фактот што Петровска за ситни политички поени се обиде да упропасти акција на нејзиниот претпоставен, министерот Чулев, но и ги довела во прашање животите на полицајците кои учествувале во акцијата.

Дали некој ќе одговара за протекување на чувствителни полициски информации за време на акцијата?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.