Славењето може да почека, здравјето – не, порача Филипче

Да не дозволиме најубавите денови да ни се претворат во лоши спомени, апелираше на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче, кој ја информираше јавноста за состојбата со коронавирусот во државава.

Филипче порача граѓаните да не излегуваат од домовите без некоја посебна потреба после 18:00 часот и да нема собири по домовите и викендичките.

„Потребно е сите заедно да бидеме одговорни и да не дозволиме најубавите мигови во семејството да се претворат во лоши спомени. Овој празничен период да прославиме одговорно и да мислиме на своето, но и на здравјето на нашите сакани. Славењето може да почека, здравјето – не“, рече Филипче.