Славески: Единствениот кој не ја заслужува позицијата премиер е токму Ковачевски

Единствениот кој не ја заслужува премиерската позиција сте токму вие, а со оглед на средбите со скопската градоначланичка Данела Арсовска, само да ви ја честитам полутајната и неформална коалиција во градот, граѓаните ќе знаат да ценат кој стои зад хаосот, ми порача во четвртокот преставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески на премиерот Доимитар Ковачевски по неговите обвинувања дека опозиската партија ги предизвикувала блокадаите на приватни автобуски во главниот град.

„Очигледно премиерот на државата, покрај растечката инфлација, проблемите во економијата, блокадите во градот, истоштените институции, проблемите со бизнисите, има доволно време да се посвети да ја коментира мојата работа“, рече Славески кој е претседател на Советот на Град Скопје.

Слвески посочи дека фактот што Ковачевски призна дека имал средби со градоначалничката Арсовска во Владата дава објаснување за заднината на многу случиувања, блокади и напади врз него како претседател на Советот и хаосот кој се продуцира во работењето на градот и градоначалничката.

„Второ, во интерес на вистината и во однос на неговата хипотеза дека дека не сум заслужил да бидам претседавач на Советот, ќе нагласам дека како советник, носител на листа сум избран од убедливото мнозинство од граѓаните на Скопје, за разлика од него како премиер кој не е избран на избори, туку поставен на позицијата премиер договорено на зелена маса, во неговата партија“. потсети Славески.

Исто така, Славески го потсети Ковачевски и дека повеќепати учествувал на избори, како носител на листа, за советници и за пратеници.

„СДСМ во втора изборна единица (неговата и во неговото Куманово) сум го победувал катастрофално со огромна поддршка од негови сограѓани. Така што, единствениот кој не заслужува да биде премиер е токму Ковачевски, бидејќи тоа Македонија, а гледаме и градот Скопје ја чини прилично многу. Во оваа прилика, иако не е за фалење можам само да им ја честитам полутајната и неформална коалиција во градот“, заклучи во реакцијата Славески.