Славески: Капацитетот на владата не може да го постигне потенцијалот на македонската економија

За жал, капацитетот на оваа влада не може да го постигне потенцијалот на македонската економија, рече во четвртокот професорот на Економскиот факултет и поранешен министер за финансии Трајко Славески во гостување во емисијата 2Во светот на бизнисот”,коментирајќи ги неодамнешните проекциите на Светска банка која алармира дека годинава македонската економија ќе биде најслаба во регионот со проекција на раст од 2,8 отсто.

За жал тоа е капацитетот на оваа влада да не може да го постигне потенцијалот на македонската економија кој се мери дека е околу 4 проценти раст. Потенцијалот се зголемува преку долгорочни инвестиции преку подобрување на образованието, здравствената заштита. Значи остануваме на истиот тренда како во минатите година-две. Минатата година со стапка од 2,7 проценти бевме на дното во земјите во Европа особено во споредна со земјите од поранешниот социјалистички блок кои имаат стапки како на пример Полска од 5,1 проценти, Унгарија 4,9 проценти, Словенија 4,5 проценти. Веројатно нивните проекции се во оваа насока и за оваа година, потенцираше Славески.

Посочи дека капиталните инвестиции не страдаат поради одржувањето на претседателските избори, бидејќи според законите сите започнати активности продолжуваат со реализацијата.

„Меѓутоа, проблемот е во тоа што тие не се воопшто започнати, како што е патниот правец Скопје до границата со Косово. Тоа е навистина загрижувачко. Зборува за слаба организација во министерствата и агенциите кои учествуваат во реализацијата на проектите тоа не е така едноставна работа тој менаџмент сега отсуствува. Слабо планирање и буџетирање на проектите. Во универзитетскиот кампус двете згради кои се неопходни за факултетот за физичка култура и ФИНКИ кои што беа започнати од претходната власт веќе две години ништо не мрднува. Зошто не се завршат? Студентите работат со субстандардни услови’, појасни  Славески.

Професорот советуваше дека парите собрани од даноците треба да се вратат во економијата, а не да стојат во Буџетот, зашто имаме катастрофална реализација на инвестициите.

„Имаме низок раст на бруто домашниот производ (БДП) во 2018 година. Кај инвестициите имаме пад од 7,2 одсто. Во овој пад најмногу влече катастрофалната реализација на бруто инвестициите која беше само 50 посто од планираното. На историски најниско ниво“, констатираше Славески.

Претходно Славески во гостувањето во емисијата „Во светот на бизнисот” појасни дека многу е важно на изборите да се избере претседател за да може тој да помогне во промоцијата на државата во странство и да помогне во процесот во привлекување на странски инвестиции, како и привлекување на туристи и промоција на државата.

„Мене ме загрижува една изјава од ДУИ, коалиционен партнер во владата за време на кампањата за заедничкиот кандидат Стево Пендаровски, дека таквата коалиција ќе доведело до тоа да се назначи гувернер албанец. Тие ги перцепираат сите функции како да треба да бидат етнички. Мислам дека веќе имаат реагирано меѓународните финансиски институции посебно ММФ, со своето искуство знам дека тие се многу чувствителни и поаѓајќи од нашиот Устав каде позицијата Гувернер е независна и самостојна и има многу важна улога во зачувувањето на монетарната зависност и зачувување на нашите заштеди, секој таков обид макар и како глас пуштен веднаш го осудуваат“, потенцираше професорот Славески.