Славески: Можеме да бидеме сигурни дека денарот е стабилен

Сите анализи од домашните институции, како и монетарниот фонд укажуваат дека реалниот девизен курс на Република Македонија е врамнотежен, односно не отстапува од неговата врзаност за еврото. Далеку сме од некои нарушувања, дали од политичка, безбедносна природа, барем во овој период може да бидеме комотни дека денарот е стабилен, а мерките на Централна банка се само мал дел од нивниот арсенал.

Ова го посочи универзитетскиот професор Трајко Славески во отвореното студио на ТВ Нова.

Славески истакна дека се зголемува интересот на штедење на домашната валута.

При услови на продлабочување на кризата централната банка располага со доволно инструменти за да ја задржи контролата, истакна тој.