Славески: Не може да се тврди дека економијата се рестартира без можност за масовна вакцинација, тоа го потврдува секојдневниот раст на заболени од Covid-19

Не се точни тврдењата на Владата дека македонската економија е во фаза на рестартирање, затоа што Македонија е далеку од масовна вакцинација на населението, што претставува еден од основните предуслови за безбедно работење на работниците, посочи проферорот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во гостувањете во Дневникот на телевизија Сител.

Дека тоа е така, потенцираше Славески, го потврдуваат трендот на зголемување на бројот на заразени со коронавирусот кој го имаме во последните денови.

„Владата вели дека ова е последен пакет мерки за поддршка на претпријатијата за плати на работниците. Гледаме дека правецот на движење на развој на пандемијата, последнава недела не оди во таа насока, да можеме да очекуваме дека за два три месеци ќе може животот да се нормализира. Во претходните дизајнирани пакет економски мерки, се вршеше буквално поткуп на граѓаните, тоа се нарационално искористени позајмени пари кои што треба да ги враќаме со високи камати во иднина“, истакна Славески.

Порача дека мерките да бидат дизајнирани така што секој денар ќе се користи најрационално, затоа што се трошат позајмени пари кои ќе ги враќаат граѓаните.

Славески ѝ порача на власта, дека доколку сакаат да им помогнат на економијата и македонските граѓани , да додаде уште една мерка во нивниот последен пакет мерки, кој нака биде 30-ти по ред, но прв по важност, а тоа е да го сузбијат коронавирусот и пандемијата којашто тој ја предизвика.

„Слушнавме дека се предлагат 29 мерки. Јас од лично искуство знам дека колку е поголем бројот на мерките, толку е помала ефикасноста во нивното спроведување. Мојата препорака би била, додајте уште една мерка, 30 ама прва по важност, да се направи се што е во наша моќ да се сузбие пандемијата што поскоро“, порача Славески коментирајќи го последниот, петти по ред пакет мерки за поддршка на стопанството.

Посочи дека пред некој ден делегација со економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од претседателот, Христијан Мицкоски имаа една многу успешна, пријатна средба со раководството на Стопанската комора на северозападна Македонија, каде што се сложија со тоа дека на македонската економија и треба масовна вакцинација.