Славески: Приучените експерти од СДСМ во ек на криза воведуваат кризен данок како еколошка такса

Трајко Славески член на ИК на ВМРО ДПМНЕ денеска на трибина на отворено на тема економија кажа дека ВМРО-ДПМНЕ не случајно реагира за еколошката такса која владата сака да ја воведе но во суштина таа е кризен данок. Славески рече дека тајмингот за воведување на вакво дополнително оптоварување на буџетот на граѓаните е лош токму поради економската криза која сеуште се чувствува.

– Ние реагираме жестоко за еколошката такса и аргументирано против воведување на таква давачка таков намет на граѓаните. Ова не е никаква  еколошка такса и еден вид на кризен данок која што сака да се продаде како еколошка такса и проблемот е што тајмингот е многу лош затоа што таков вид на давачки не се воведуваат во екот на кризата а кризата кај нас е далеку од тоа да е помината кажа Славески.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ефектот кој СДСМ го замислиле од оваа мерка нема да биде воопшто позитивен и дека додатно ќе ги оптовари компаниите кои и онака едвај ја преживуваат економската и ковид кризата.

Ова давачка не треба да се воведува затоа што ќе нема никаков ефект од онај што е замислен имено слушнале некаде прочитале некаде учени недоучени експерти на СДСМ дека наводно ќе го променат принципот загадувачот плаќа. Но овој концепт е спомнат во погрешен контекст. Имено како да сите не само возачите туку и учесниците во сообраќајот дека сите се загадувачичи што не е точно. Економијата почива на трансакиите и на транспотот и овој принцип воопшто не држи.

Славески потенцираше дека ваквата предложена  давачка од страна на СДСМ  не само што ќе ги намали буџетите на граѓаните туку и ќе влијае врз покачување на сите цени што дополнително ја прави неоправдана мерка.

„Од друга страна тоа ќе влијае на намалување на потрошувачката на гориво можеме самите да се увериме дека во последнава година за 14 денари е зголемена цената на бензинот и на дизелот тука некаде одприлика. И кога секојдневно расте цената на горивата да воведувате дополнителна давачка која што не само ќе го оптовари буџетот на граѓаните туку ќе влијае на зголемување на сите цени кои што зависат од транспортните трошоци е сосема неоправдана мерка“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.