Славески: Програмата на СДСМ е како список на желби

Професорот Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и предводник на тимот за креирање на програмата Обнова на Македонија, вечерва во телевизиско гостување на Алфа, истакна дека програмата со која власта истапила на избори е без буџетирање и без рокови, истата била како список на желби.

– Имав прилика да ја споредам програмата на СДСМ, нивен трејд марк е тоа што нема ни буџетирање, нема ни рокови, таа е како список на желби – вели Славески.

Тој истакна дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е компактна, во која има точно прецизирани рокови и проценка на буџетски средства потребни за да се остварат проектите, претставува своевиден прирачник за идните вршители на функции, за секој да знае во кој момент која обврска следува во рок кој треба да се исполни.